Напаѓачот на Атлетико, Никола Калиниќ е близу до враќање во Серија А. Според „Скај Италија“, Рома ќе биде новиот клуб на хрватскиот фудбалер.

Калиниќ ќе дојде на „Олимпико“ на позајмица. Двата клуба се договориле тој да биде изнајмен до крајот на сезоната следното лето.

Претходно во Италија, Калиниќ играше за Фиорентина и Милан.

Минатата сезона, 31-годишниот Хрват во првенството на Шпанија настапи на 17 натпревари и постигна два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2019 11:18