Поранешниот тренер на Вест Хем, Хари Реднап верува дека можел да го освои првенството на Англија со клубот, доколку успеал да ги задржи како што вели сјајните ученици.

Тој го предводеше Вест Хем од 1994 до 2001 година. За тоа време, во клубот се појавија подоцнежните англиски репрезентативци: Рио Фердинанд, Френк Лампард, Ешли Кол, Мајкл Керик, Глен Џонсон и Џермејн Дефо.

– Луѓето постојано зборуваат за Манчестер Јунајтед и за неговата „генерација 92“, но тие не беа подобри од шесте деца на Вест Хем. Ако ги зачував во составот, сигурно ќе ја освоев Премиер лигата, изјави Реднап.

Во „Генерацијата 92“, ма Манчестер Јунајтед, меѓу другите беа и Рајан Гигс, Пол Сколс, Ники Бат, браќата Гери и Фил Невил и Дејвид Бекам.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2019 17:19