Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди најверојатно ќе ја започне сезоната со гигантот од Милано. Неговата сопруга и агент објави уште една прикриена порака во која се вели дека „нероазурите“ нема да можат да го продадат несаканиот Аргентинец.

До овој момент, 26-годишниот играч тренираше индивидуално и се одделен од првиот тим, откако неколку месеци клубот неуспешно бара начини да се ослободи од него. Новиот ментор Антонио Конте беше непопустлив дека Икарди не се вклопува во неговите планови, но сега веројатно ќе работи со него да не му даде на поранешниот капитен формална причина да го тужи Интер.

Пред само неколку дена се појавија информации дека Икарди го барал дресот со број 7 за новата сезона и неговото барање е одобрено. Деветката, која стоеше на неговиот грб, сега ќе стои на дресот на новото засилување – Ромелу Лукаку.

Неговата агентка, Ванда Нара објави на социјалните мрежи слика од него во друштво на сопруги на фудбалери на Интер. Таа беше придружена со кратка и доволно јасна порака: „Уште една година заедно“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2019 17:54