Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја предизвика новата ѕвезда на Каталонците, Антоан Гризман да се истакне како лидер на тимот во претстојниот меч со Бетис овој викенд.

„Блаугранас“ започнаа со пораз од 0-1 против Атлетик Билбао како гостин во првото коло од Ла Лига. Покрај поразот, Валверде ќе мора да се справи со повредите на Усман Дембеле и Луис Суарез. Лидерот на екипата, Лео Меси пак најверојатно нема да биде достапен уште од првата минута од средбата.

Ова го натера Валверде да го предизвика Гризман, кој ќе мора да биде влечна сила за својот нов тим на натпреварот против тимот од Севиља.

„Тој треба да биде повеќе вклучен во играта и секогаш да ја бара топката. Добро е ако го имаме близу до шеснаесетникот на противникот поради неговото одлично движење, но тоа ќе биде од полза само ако целосно доминираме на нашите натпревари“, изјави Шпанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2019 17:54