Легендата на Селтик и шведскиот фудбал, Хенрик Ларсон поднесе оставка како тренер на неговиот матичен клуб Хелсингборг само два месеци по неговото назначување. Причината е тоа што навивачите на неговиот тим вербално го нападнале и го навредувале, се наведува на официјалната веб-страница на клубот.
Незгодните сцени се случиле вчера по испаѓањето на тимот во второто коло од Купот на земјата против третолигашот Оскархамн АИК со 1:2. По натпреварот, навивачите на Хелсингборг го навредуваа Ларсон за начинот на кој го водел натпреварот и за однесувањето на тимот, кој не играл посветено против претпоследниот во третата дивизија.
– Исклучително е тажно да дојдеме дотука. Бевме принудени да трпиме многу сериозни навреди и мислам дека ова е крај”, рече разочараниот претседател на клубот Кристер Ателиус.
Ларсон ја започна својата професионална кариера во овој тим, по што мина низ тимови како Феенорд, Селтик, Барселона и Манчестер Јунајтед. Во моментов, сепак, тимот не игра добро во првенството и се наоѓа на 12. место во елитната дивизија, нешто над местата за испаѓање и бараж за опстанок.
Хенрик Ларсон беше прогласен за „Крал на кралевите“ од приврзаниците на Селтик, за кои постигна 242 голови на 315 натпревари и стана топ-стрелец во пет од шесте сезони со екипата на „детелините“. Во својата карта тој ги има освоено и ЛШ и Шпанското првенство како играч на Барселона.