Извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге објасни зошто клубот го пушти играчот од средниот ред Ренато Санчез.

Според Румениге, на Португалецот не му беше гарантирано место во првиот тим.

- Санчез ме замоли да го пуштам затоа што сакаше да најде клуб каде што ќе може редовно да игра. За жал, не можевме да му го гарантираме ова во Баерн. За него е важно да игра, затоа што тој сака да обезбеди место во репрезентацијата на Португалија до Еуро 2020. Сакам да му се заблагодарам за сè што направи за нашиот клуб. Му посакувам се најдобро, истакна Румениге.

Санчез кариерата ќе ја продолжи во француското првентсво како играч на Лил.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2019 14:46