Челси попладево истрча со најмладата почетна постава во 21 век на натпреварот во првенството на Англија против Норвич. Просечната возраст на лондонскиот клуб е 24 години и 208 дена.

Последниот помлад стартен состав Челси во Премиер лигата имаше пред 24 години. Во февруари 1994 година,„сините“ имаа просечна возраст од 24 години и 190 дена на дуелот со Олдам.

Просекот на Челси беше намален, откако Педро се повреди, а наместо него од првите минути во игра е Рос Баркли. Пред замената, просечната возраст на Челси беше 25 години 54 дена, најмлад од ноември 2012 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2019 15:02