Интер е подготвен да испарти понуда до Лацио за купување на играчот од средниот ред на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Клубот од Рим за 24-годишен Србин бара 90 милиони евра, пренесува „Ла Репблика“.

Миланскиот клуб е подготвен да понуди помала сума на пари, во пакет со напаѓачот Матео Политано и играчот од средниот ред Роберто Галијардини.

Претходно, Манчестер јунајтед се сметаше за фаворит во борбата за Милинковиќ-Савиќ. Фудбалерот дури се согласи за условите за личен договор со Манчестер јунајтед, но Британците не се договорија со Лацио да се намалат трошоците за трансферот.

Минатата сезона српскиот фудбалер одигра 41 натпревар за Лацио и постигна седум гола на три асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 10:52