Тренерот на Тотенхем, Маурицо Покетино денес прослави јубилеј. Тој го предводеше Тотенхем на натпревар на кој по 500-ти пат ја вршеше тренерската функција.
Сепак, јубилеејот на Покетино го раасипа Њукасл кој во натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија го совлада Тотенхем со 1:0.
Четириесет и седумгодишниот стручњак на чело на „спарс“ е од 2014 година. Покетино ја започна својата тренерска кариера во 2009 година во Еспањол (161 натпревар) каде работеше три сезони. Во 2013 година, Аргентинецот се пресели во Саутемптон (60 натпревари), а следната година го презема Тотенхем со кога стигна до 279 натпревари или вкупно 500 во својата тренерска кариера.