Фудбалерот на пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе го одигра својот 100 натпревар во француската Лига 1. Дваесетгодишниот напаѓач беше дел од ПСЖ синоќа на дуелот со Тулуз во 3. коло.

ПСЖ победи на домашен терен со 4:0.

Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во 2017 година за 180 милиони евра.

Тој има 63 голови, 29 асистенции и три титули во лигата. Статистичарите пресметаа дека талентираниот фудбалер постигнува гол на секои 74 минути. Во натпревар со Тулуз, тој се повреди и предвреме го напушти теренот во второто полувреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2019 11:24