Емирот од Катар Тамим бин Хамад Ал Тани им кажал на челниците на ПСЖ дека не сака Нејмар да биде продаден ова лето, пишува денеска францускиот „Ле Монд“ .

Главната причина поради која тој е против продажбата на Бразилецот е тоа дека со таквиот потег ПСЖ би покажала дека не потпаѓа под притисокот на барањата на играчите. Така, ПСЖ би испаднал послаб од ривалските клубови од негов ранг, а тоа е нешто што катарскиот емир не сака да го види.

Катар Спортс Инвестментс е државна компанија која го купи парискиот клуб во 2011 година. Иако уште еден шеик, поточно Насер Ал-Келаифи е на чело на клубот како претседател, Ал Тани управува со целиот Катар, така што тој има моќ да донесе таква одлука.

Емирот за своето мислење го известил Ал-Келаифи, како и спортскиот директор на клубот, Леонардо.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2019 23:56