Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.

– Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте и што станавте. Личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува, се цитира на веб-страницата на УЕФА, изјавата на претседателот на организацијата Александар Чеферин.

Наградата на Французинот ќе биде доделена на церемонијата што ќе се одржи утре во Монако.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 14:44