Решена е дилемата околу трансферот на играчот Кристијан Ериксен во Реал Мадрид – Данецот останува во Тотенхем.
Ериксен имаше одлична сезона зад себе во дресот на Тотенхем и беше на пат да го напушти Лондон, откако Реал Мадрид покажа интерес, но плановите на кралевите пропаднаа поради прескапата цена која ја поставија Спарси.
Со доближување на крајот на преодниот рок, се помали стануваат шансите Ериксен да го напушти Тотенхем, а според последните информации нив веќе и ги нема, односно данскиот фудбалер останува во Лондон.
Она што е лоша вест за Тотенхем е дека Ериксен го одбил новиот договор што му е понуден и следната сезона ќе замине од Лондон како слободен играч.