Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо нема да игра еден месец поради повредата шрто ја здоби на натпреварот против Кристал Палас.

Шо го напушти теренот уште во првото полувреме од натпреварот од третото коло на Премиер лигата, а првите лекарски прогнози се дека станува збор за повреда на десниот лобус на десното колено, а се очекува најмалку еден месец да биде надвор од терените.

Шонема да му биде на располагање на тренерот Оле Гунар Солскјаер на натпреварите против Саутемптон, Лестер и Вест Хем, како и на селекторот на Англија Герет Саутгејт на квалификациите за Евро 2020.

Тој ќе биде заменет со Ешли Јанг, а поради повредата на Шо може да пропадне трансферот на Маркос Роу, кого го бара Фенербахче.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 00:39