Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби уште една лоша вест пред мечот со Виљареал во третото коло од Примера дивизион. Ѕвездата на тимот Иско е повреден и ќе ја пропушти средбата во текот на викендот.

Шпанскиот репрезентативец станува уште едно име на „Сантијаго Бернабеу“ кој неможе да влезе во комбинација за составот на Зинедин Зидан. Во моментов, со различни повреди се и Тибо Куртоа, Ферлан Менди, Родриго, Хамес Родригез, Еден Азар, Лука Јовиќ, Марко Асенсио и Брахим Дијаз.

„АС“ пишува дека Иско денес поминал лекарски прегледи кои покажале дека тој нема да може да тренира меѓу две и три недели поради проблеми со мускулите. Интересно е што од почетокот на подготовките, офанзивниот играч честопати имаше слични проблеми што го спречувале да го заврши тренингот.

Ова автоматски значи дека тој нема да може да игра во квалификациите за ЕП 2020 против Романија и Фарските острови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 22:21