Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека на 2 септември ќе се одржи состанок на високи соработници на лидерите на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) за кризата во Украина.
Договорот за тоа е постигнат во телефонски разговор меѓу Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел.
– Претседателот на Украина побара итен состанок на лидерите на Нормандиската четворка на кој ќе се разговара за мировниот процес и ќе се одредат натамошните чекори за решавање на конфликтот. Од своја страна, Ангела Меркел изрази поддршка за украинските напори за постигнување мир во Донбас и се согласи дека во најскоро време мора да се одржи состанок на високо ниво. Тие се согласија подготвителниот состанок да се одржи на 2 септември, се наведува во соопштението од Кабинетот на Зеленски.
Во разговорот со Меркел, Зеленски рекол дека Украина „продолжува да се придржува кон своите обврски во врска со мирното решение во Донбас, со користење политички и дипломатски средства“.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно, на прес-конференција по самитот на Г7 во Бијариц, рече дека предложил во септември да се одржи состанок на Нордиската четворка за украинската криза.
Последниот состанок на Нордиската четворка, формирана во 2014 година, се одржа во 2016 година во Берлин.