Само 27 отсто Британци го поддржуваат едномесечниот прекин на работа на Парламентот прогласен од британскиот премиер Борис Џонсон. Четириесет и седум отсто Британци се против тоа Парламентот да ја прекине работата. Тоа се наведува во анкета на ЈуГов направена за Тајмс.

Во анкетата се додава дека 51 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ го одобруваат потегот на Џонсон, додека само девет отсто тој потег има поддршка кај оние кои се против излегување од ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 17:09