Британскиот нафтен гигант „БП“ соопшти синоќа дека го продова сиот свој имот на Аљаска за 5,6 милијарди долари на американската компанија „Хилкорп Аљаска“. Зделката треба да биде завршена во 2020 година.

Покрај останатато, „Хилкорп“ станува сопственик и на геолошко-истражувачкото одделение на „БП“ во сојузната држава и плус удел во нафтоводот Транс Аљаска.

Извршниот директор на компанијата, Боб Дадли, изјави дека активносите на Аљаска биле значаен дел од работата на „БП“ речиси 6 децении и дека многу придонеле во економијата на сојузната држава и енергетската стабилност на САД.

-Сепак, нашата цел е трансформација на структурата на „БП“ и моментално се создаваат други возможности, како во САД така и низ целиот свет, што во најголем дел се совпаѓаат со нашата долгорочна стратегија, изјави Дадли.

Активностите на „БП“ на Аљаска датираат од 1959 година. Тамошните наоѓалишта се сметаат за едни од најголемите копнени резерви на нафта и гас на територијата на САД. Моменталните резерви таму се оценуваат на 13 милијарди барели сурова нафта.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 17:10