Европската фудбалска федерација попладне со почеток во 18 часот во „Гриманди форум“ во Монако ќе ја почне жрепката за групите во Лигата на шампионите. Пред извлекувањето, 32 екипи се поделени во четири „шешири“.

Во првиот „шешир“ се: Ливерпул (Англија), Челзи (Англија), Барселона (Шпанија), Баерн Минхен, (Германија), Јувентус (Италија), Манчестер Сити (Англија) ПСЖ (Франција) и Зенит (Русија).

Изглед на „шешир 2“: Реал Мадрид (Шпанија), Атлетико (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Наполи (Италија), Шахтјор (Украина), Тотенхем (Англија), Ајакс (Холандија) и Бенфика (Португалија).

Трет „шешир“: Лион (Франција), Баер Леверкузен (Германија), Салцбург (Австрија), Олимпијакос (Грција), Клуб Бриж (Белгија), Валенсија (Шпанија), Интер (Италија) и Динамо Загреб (Хрватска).

Во четвртиот „шешир“ се сместени: Локомотив Москва (Русија), Генк (Белгија), Галатасарај (Турција), Лајпциг (Германија), Славија Прага(Чешка), Црвена ѕвезда (Србија), Аталанта (Италија) и Лил (Франција).

Победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа минатата сезона, Ливерпул и Челзи, како и победниците на шампионатите од најсилните првенства во рангот на УЕФА се сместени во првиот „шешир“. Сите други клубови се сместени во другите „шешири“ според рејтингот што клубот го има во УЕФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 17:28