Френки де Јонг ја освои наградата за најдобар играч од средниот ред на наградите на УЕФА за сезоната 2018/19 година.

Младиот фудбалер настапи одлично со екипата на Ајакс во ЛШ, каде му помогна на својот тим да стигне до 1/2-финалето, и во Холандското првенство, каде Ајакс триумфираше со титулата.

– Мислам дека тоа беше неверојатно патување. Како го сторивме тоа? Не знам. Имавме добар план, имавме многу паметни играчи. Кога ги комбинирате овие работи, тоа очигледно функционира, рече Де Јонг по добивањето на наградата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 22:07