Денеска во ниов беше извршен ждребот за групната фаза на второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент – Лига Европа.
Една од најинтересните групи е „Ф“, во која влегоа и финалистот од претходното издание Арсенал и полуфиналистот Ајнтрахт Франкфурт. Стандард Лиеж и Виторија Гимараеш се другите екипи кои ќе се обидат да се квалификуваат за елиминациите.
Манчестер јунајтед ќе има тешки посети во Казахстан и Белград, откако „црвените ѓаволи“ се паднаа во група со Астана, Партизан и АЗ Алкмар.
Петкратниот освојувач на трофејот, Севиља имаше среќа и се најде во групата „А“, во која се уште АПОЕЛ, Карабах и Дуделанж.
Групата „Е“ исто така изгледа интересно. Таа ги вклучува Лацио, Селтик, Рен и Клуж.
Еве ги сите 12 групи во кои беа распределени 48-те екипи вклучени во групната фаза на ЛЕ:
Група А Севиља АПОЕЛ Карабах Дуделанж
Група Б Динамо Киев Копенхаген Малме Лугано
Група Ц Базел Краснодар Хетафе Трабзонспор
Група Д Спортинг (Лисабон) ПСВ Ајндховен Розенборг ЛАСК
Група Е Лацио Селтик Рен Клуж
Група Ф Арсенал Ајнтрахт Франкфурт Стандард Лиеж Виторија Гимараеш
Група Г Порто Јанг Бојс Феенорд Ренџерс
Група Х ЦСКА Москва Лудогорец Еспањол Ференцварош
Група И Волфсбург Гент Сент Етјен Олександрија
Група Ј Рома Борусија Менхенгладбах Истанбул Башакшехир Волфсбергер
Група К Бешикташ Брага Волверхемптон Слован (Братислава)
Група Л Манчестер Јунајтед Астана Партизан АЗ Алкмар.