Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 3 и 5 септември ќе одигра два контролни натпревари на гостински терен против Бугарија.

Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ ги определи фудбалерите на кои ќе смета на натпреварите што ќе бидат претпоследен тест пред квалификацискиот турнир за Елитна УЕФА фаза.

– Двата натпревари против Бугарија се убава можност да направиме увид во формата на фудбалерите после летниот одмор, но исто така и да отстраниме одредени недостатоци кои ги имавме на последните четири тест натпревари против Црна Гора и Израел, изјави селекторот Станиќ.

Македонската репрезентација последната проверка за квалификацискиот турнир ќе ја има во октомври против Кипар.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2019 00:21