Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Матео Дармијан го напушта Олд трафорд и се враќа во Серија А односно ќе биде новиот член на Парма.

Поранешниот репрезентатвец на Италија стана дел од Јунајтед уште од 2015 година, но на вчерашната прес-конференција, тренерот Оле Гунар Солскјаер навести дека ќе го напушти Олд Трафорд.

Понудата за него до „Црвените ѓаволи“ испрати Парма, која англискиот клуб, но и самиот Дармијан, на крајот ја прифатија.

– Среќен сум што се вратив дома. Ова го гледам како важна шанса, рече Дармијан, кој е третиот играч на Манчестер Јунајтед кој овој месец заминува во Серија А. Претходно во Интер заминаа Ромел Лукаку и Алексис Санчез.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2019 13:25