Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини ќе биде најмалку шест месеци надвор од теренот поради сериозноста на повредите поради кои мора на операција.

Кјелини го повредил десното колено и ги затегнал лигаментите на вчерашниот тренинг. а италијанскиот шампион објави на социјалните медиуми дека станува збор за сериозна повреда што ќе бара хируршка интервенција и најмалку пет до шест месеци закрепнување.

Капителнот на Јуве на тој начин ќе ги пропушти сите натпревари во Лигата на шампионите на Јувентус во кои екипата на Сари ќе игра против Атлетико, Баер и Локомотив.

Во ваква ситуација најголемото засилување на Јувентус ова лето, Матијас де Лигт, ќе се приклучи на првиот тим откако првото коло на Серија А ја следеше од клупата. Кјелини нема да игра на вечераштно големи дерби против Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2019 14:36