Актуелниот шампионот на Македонија, ФК Шкендија, донесе одлука да го разреши стручниот штаб на чело со Ќатип Османи.

Според соопштението на екипата од Тетово, работната група која го презема управувањето со ФК Шкендија, одлуката е последица на последните слаби резултати на клубот на домашно и европско натпреварување.

– Сите во ФК Шкендија му се заблагодаруваат на Ќатип Османи за неговиот придонес во постигнувањето на историските резултати во изминатите години, посакувајќи му се најдобро во иднина, се вели во соопштението на клубот.

До именувањето на новиот шеф на стручниот штаб, како вршител на должност привреме тренер е именуван Ерхан Селими.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 11:22