Валенсија се приклучи на трката за аргентинскиот фудбалер на Интер, Мауро Икарди.

Сега и шпанскиот тим Валенсија, има желба да го позајми Икарди со опцијата да го откупи договорот на крајот на сезоната.

Сепак, „Ла Газета дело Спорт“ смета дека има малку шанси ова да се случи, бидејќи желбата на Икарди е Серија А и негов приоритет е Интер.

Остана уште малку време до крајот на преодниот рок, а Интер сè уште не се ослободи од Аргентинецот, кој наводно го тужел клубот и побара да остане. е



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 14:32