Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата натпревари со Израел и Летонија на гостински терен во квалификациите за ЕП 2020. На првиот собир во хотел „Парк“ недостасуваат капитенот Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре во израелски Ашдод ќе му се приклучат на тимот.

Селекторот Игор Ангеловски смета дека „црвено-жолтите“ можат до второто место и покрај поразите од Полска и Австрија во претходните две рунди.

– Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. Мотиви не недостасуваат, посебно кога се игра за репрезентација. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото, изјави Ангеловски.

Средбата со Израел е закажана за 5 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 14:50