Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се тројцата финалисти за титулата Најдобар фудбалер за 2019 година во изборот на ФИФА.
Церемонијата за доделување на наградите за поединечните категории ќе се одржи на 23 септември во Милано.
Наградата за Најдобар на ФИФА се доделува од 1991 година, а меѓу 2010 и 2015 година наградата беше обединета со „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.
Номинирани во различни категории:
Награда за фанови: Силвија Греко, навивачите на Холандија на СП зажени, Хусто Санчез Најубав гол: Лионел Меси, Хуан Квинтеро, Даниел Жори Најдобар голман: Алисон, Едерсон, Марк-Андре тер Штеген Најдобар голман (жени): Кристиане Ендлер, Едвиг Линдал, Сари ван Венендал Најдобар тренер (жени): Џил Елис, Фил Невил, Сарина Вигман Најдобар тренер: Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Маурисио Почетино Најдобар фудбалер (жени): Луси Бронц, Алекс Морган, Меган Репино Најдобар фудбалер: Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Вирџил ван Дајк.