Тренерот на Шпанија, Роберт Морено изјави дека со задоволство ќе се повлече од функцијата доколку Луис Енрике изрази желба да се врати во националниот тим.

Како што е познато, Енрике замина во јуни од лични причини. Подоцна беше откриено дека тоа е заради неговата деветгодишна ќерка, Хана, која почина од карцином на коските минатата недела.

– Ако некогаш реши да се врати во националниот тим, јас ќе бидам првиот што ќе го поздравам, ќе се откажам од моето место како селектор и повторно да бидам негов асистент. Сметам дека Луис е мој пријател и пријателството е на прво место. Без него ние ја губиме смислата на зборот личност. Мислам дека тој не размислува да се врати во моментов, но ако тој одлучи, ќе излеземе во пресрет, рече Морено.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 00:46