Sвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, отпадна од составот на Белгија. Како што е познато, поранешниот играч на Челзи лекува повреда и сè уште не го направил своето официјално деби во Мадрид.
Лекарите на „белиот балет“ решиле дека тој не треба да ризикува, бидејќи неговата состојба е многу кревка. Репрезентацијата на Белгија го зеде предвид тоа. Азар ќе го продолжи своето закрепнување во тренинг-базата во Мадрид, откако се очекува да го направи своето деби на 14 септември против Леванте.
Белгиецот е еден од шесте напаѓачи на Реал Мадрид кој е повреден, а шпанскиот репрезентативец Иско и Колумбиецот Хамес Родригез се последни што влегоа во амбулантата минатата недела по разочарувачкото реми 1-1 со Ваљадолид.
– Тој може да патува со Белгија, но во моментов не може да игра. Тој го знае тоа, ние го знаеме тоа и се надевам дека нема да игра, за доброто на сите, вклучувајќи ја и Белгија, рече Зидан пред само неколку дена