Екипата на Спортинг Лисабон за која настапува и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, остана без тренерот Марсел Кајзер. Двете страни се согласија да ја прекинат соработката, пренесува „А Бола“.

Педесет годишниот Холанѓанец го предводеше Спортинг од ноември 2018 година и го доведе тимот до трофејот во Купот на Португалија и Лига Купот на крајот на сезоната, а во двете финалиња Спортинг го совлада Порто на пенали.

Вршителот на должноста селектор ќе биде тренерот на младинскиот тим на „лавовите“, Леонел Понтеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 12:57