Навивачката група на Интер „Кривина Север“ се обрати до напаѓачот на нивниот тим Ромелу Лукаку.
– Можеби тебе ти се чинеше дека тоа е манифестација на расизам, но не е така. Тоа беше само начин да се влијае на противникот, стои во обраќањето на „Curva Nord“.
Лукаку беше подложен на расистички навреди за време на натпреварот од 2. коло на италијанскиот шампионат со Каљари (2:1). Навредливи крици од трибините се слушнаа и при постигнување на голот на Белгиецот.