Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан, се налути од фактот дека клубот од Торино не го пријави за настап во Лигата на шампионите.

Според него, раководството на тимот направило измама.

– Шокиран сум. Разговорот траеше една минута. Ништо не ми објаснија. Многу сум бесен. Ми ветија нешто минатата недела. ПСЖ ме бараше, но решив да останам со Јувентус. Услов беше да играм во ЛШ. Јувентус ми вети. И ја одбив понудата на ПСG. Бев измамен. Да го знаев ова, повеќе не би играл за Јувентус, изјави Џан.

Покрај Џан, италијанскиот тим во елитното натпреварување не го пријави ниту Марио Манџукиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 19:02