Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, истакна дека го реформирал тимот. Според него, за неговите избраници, секој натпревар е финален.
– Повторувањето на овој идеален почеток на сезоната во Ла Лига не е толку важно. Кога го освоивме првенството во сезоната 2013/14, моите играчи беа подобри, а сега градиме тим каде што секој натпревар е финален, изјави Симеоне.
По трите стартни кола во шпанскиот фудбалски шампионат, Атлетико Мадрид има максимални девет бода и е лидер на табелата.