Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио се согласи да се пресели како слободен агент во француски Монако, откако во јули го напушти рускиот Зенит (Санкт Петербург).
Триесет и три-годишниот дефанзивец во неколку наврати рече дека ќе игра само за „бјанконерите“ во Италија, со кои има 389 натпревари меѓу 2006 и 2018 година, освои седум титули и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Монако бара да се засили на средина на теренот за новата сезона, откако нема победи во првите четири кола во Лига 1 – 2 реми и 2 порази.