Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одбил да се натпреварува со екипата на Ливерпул за потписот на Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во светот по неговиот трансфер кај „црвените“ минатиот јануари.

Во тоа време, Мурињо не сакал да ангажира нов дефанзивец во составот на „црвените ѓаволи“, иако Ван Дајк бил прв на списокот на Ед Вудворд за нови трансфери, објави „Индипендент“.

Сепак, Португалецот рекол „не“ за овој трансфер.

Неколку месеци подоцна, „специјалниот“ се предомисли и сакал да го привлече Хари Мегваер од Лестер минатото лето, но Вудворд одбил да ја даде потребната сума за да го привлече.

Мурињо на крајот беше отпуштен од Јунајтед во декември 2018-та.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2019 22:23