Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски потпишал договор со екипата на Хапоел Тел Авив, информираат израелските медиуми. Фудбалерот од средниот ред утрово ги поминал редовните лекарски прегледи .

Договорот ќе биде за две години, а тој ќе заработи над 300 илјади евра.

Дваесет и девет-годишниот Спировски ќе се пресели во тимот од Тел Авив од унгарски Ференцварош, а претходно настапуваше за Берое, Работнички, Борац Чачак, Пелистер и Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 01:33