Познатиот италијански тренер Клаудио Раниери може да ја продолжи кариерата во Африка. Според „Л’Екип“, фудбалскиот стручњак чија последна работа беше во Рома се наоѓа на списокот на кандидати за функцијата селектор на Гвинеја.

Покрај Раниери, се разгледуваат уште неколку тренерски имиња меѓу кои и Португалецот Пауло Дуарте.

Последниот селектор на гвинејскиот национален тим беше Белгиецот Паул Пут.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 01:34