Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд смета дека ситуацијата со расизмот во фудбалот се влошува. Фудбалерот по натпреварот од третото коло од шампионатот на Англија со Кристал Палас (1:2) беше подложен на расни навреди. На тој натпревар Рашфорд не реализира пенал.

– Фудбалот се движи наназад, не напред. Она што се случи во последните неколку месеци е едноставно неверојатно. Ние сакаме да го елиминираме овој од корен, но тоа е комплицирано. Луѓето од целиот свет се држат заедно, но тоа е сè што можеме да направиме. Мора да сметаме на кампањи против расизмот, затоа што сите наши гласови носат тежина, изјави рашфорд.

Претходно и Пол Погба од Манчестер јунајтед исто така промаши пенал и беше изложен нарасни навреди преку социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:04