Капитенот на Англската фудбалска репрезентација Хари Кејн се надева дека ќе освои трофејот со „Гордиот Албион“. Британците вчера ја совладаа Бугарија со 4:0 во квалификациите за ЕУРО 2020, Кејн на овој дуел постигна три гола.

На крајот на вашата кариера, ви се суди по трофеите. Секако, убаво е да се постигнат голови и да се освојат индивидуални награди. Но, поважно е да се освојат тимски титули, а Англија го нема сторено тоа подолго време. Ова е мојата цел како капитен. Знам дека момците сакаат да победат, да освојат турнири, но ние зборуваме за тоа 10, 15, 20 години и така натаму, и тоа не се случува, изјави Кејн. Во А-групата од квалификациите Англија е лидер на табелата со максимални девет бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:16