Калчолигашот Торино има намера да го продолжи договорот за соработка со тренерот Валтер Мацари. Претседателот на клубот Урбано Кајро, веќе се сретна со италијански фудбалски стручњак за да разговараат за деталите за новиот договор, пренесува „Газета дело спорт“.

Раководството на Торино е подготвено да му понуди договорот на Мацари до 2023 година.

Тековниот договор на 57-годишниот тренер со клубот истекува на крајот на оваа сезона.

Во моментов Торино е на 3. место на табелата во Серија А, со максимални шест бода по две кола.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:57