Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, по синоќешната победа (2:0) во Рига над Летонија, верува дека неговите избраници имаат шанса да се вмешаат во борбата за второто место кое носи учеството на ЕУРО 2020.

Во последните четири натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 влегуваме со цел да се бориме за место меѓу најдобрите во групата. Сега ни треба „ладна глава“ во репрезентацијата, а еуфорија на трибините. Јас знам колку е квалитетна оваа репрезентација и ќе дадеме се од себе да ја постигнеме целта, истакна Ангеловски.

До крајот на квалификациите „црвено-жолтите“ играат дома со Словенија и Израел, а гостуваат кај Полска и Австрија.

По шест кола во Г-групата, лидер е Полска со 13 бода, Словенија е втора со 11, Австрија на третото место има 10, Македонија и Израел собраа по осум, последна е Летонија без освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 12:08