Напаѓачкиот тандем на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез го пропуштија денешниот тренинг на каталонскиот тим, објави на својот Твитер новинарот Онда Церо Алфредо Мартинез.

Тој исто така истакна декана тренинзите се вратија Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Претходно во медиумите беше објавено дека Меси и Суарез ќе можат да играат на следниот натпревар од Шпанското првенство против Валенсија.

Натпреварот е закажан за 14 септември во 21 часот на „Камп ноу“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2019 21:15