Напаѓачот на шпански Атлетик (Билбао), Ињаки Вилијамс имал контакт со Манчестер Јунајтед минатото лето, но приказната меѓу двете страни не е завршена и ќе продолжи во 2020 година, пренесе „Дејли Мејл“.

Се верува дека 25-годишниот фудбалер ќе биде потенцијална замена за Белгиецот Ромелу Лукаку, кој го напушти тимот за Интер во последниот ден од трансфер позорецот за 73 милиони фунти.

Во интервју за радио „Кадена СЕР“, Ињаки Вилијамс потврди дека имал разговори со „црвените ѓаволи“ пред да го потпише својот нов 9-годишен договор со Атлетик.

– Да, имав контакт со Манчестер Јунајтед, но нема да ви кажам со кој. Моја опција број еден беше секогаш да останам во Билбао и да го завршам со фудбалот овде, но никој не знае што може да се случи. Да го заменам Атлетик со Сосиедад? Ова не е опција и никогаш нема да биде, рече тој.

Сепак, Вилијамс ја остави вратата отворена за Манчестер Јунајтед, но клаузулата за ослободување сега е многу поголема – 125 милиони фунти.

– Ако Манчестер Јунајтед сè уште има интерес за мене, можеме повторно да разговараме. Но, тоа нема да биде до летото 2020 година, изјави играчот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 22:02