Полициската истрага за наводна измама во врска со трансферот на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ во Њукасл Јунајтед спроведе акции во Лондон, Белгија и Монако, приведувајќи две лица, меѓу кои и агент, соопштија белгиските обвинители.

Истрагата, при која претходно беше спроведена и рација во канцелариите на белгискиот фудбалски сојуз, е поврзана со сомневање за перење пари во врска со трансферот на Митровиќ од 18,5 милиони фунти од Андерлехт во Њукасл во 2015 година. Под раководство на белгиски судија за корупција, полицијата и даночните власти извршија рации во вторникот и средата, апсејќи агент во Монако и неговиот помошник во белгискиот град Лиеж.

– Фактите вклучуваат, пред сè, перење пари и корупција во контекст на фудбалските трансфери на играчи, се вели во изјавата на обвинителите.

Случајот нема никаква врска со т.н. скандал „фудбалгејт“ во Белгија од октомври 2018 година, во кој има 20 осомничени лица, вклучително агенти, судии и вработени во клубови, во голема истрага за измама и местење на натпревари.

Митровиќ, чијшто стил на играње му донесе почит кај приврзаниците на Њукасл, помина три сезони на „Сент Џејмс парк“ пред да се пресели во Фулам во 2018 година. Неговиот трансфер од Андерлехт, најуспешниот клуб во Белгија, ги вклучија агентите Пини Захави и Фали Рамадани, претходно го објави весникот „Дерниер Хуере“ за време на првичните акции во април. Обвинителите не објавија никој со име за истрагата, но извор од судот потврди џа АФП во април дека трансферот на Митровиќ е дел од истрагата.

При претходните полициски акции беа пребарани и тренинг-базата на Андерлехт, канцелариите на белгискиот фудбалски сојуз, како и канцелариите на „Уан Гол Менаџмент“, која е специјализирана за трансфери.

Кривичната истрага е дополнување на проблемите на Андерлехт на теренот, каде 34-кратниот шампион во Белгија се наоѓа на 13-тото место во Шампионатот со само една победа во неговите шест лигашки дуели оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 22:04