Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ го објави списокот со најплатени играчи во Серија А. Покрај напаѓачот на Интер, Ромелу, во осумте најдобри седум играчи се од Јувентус.

Првото место, како што се очекуваше, го зазема напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој добива 31 милион евра годишно. Втор е неговиот соиграч Матиас де Лихт со осум милиони, додека Лукаку од Интер е на третата позиција со 7,5 милиони евра.

По нив следуваат петмина играчи на Јувентус: Гонзало Игуаин (7,5 милиони евра), Пауло Дибала (7,5), Адриен Рабио (7), Арон Ремзи (7) и Миралем Пјаниќ (6,5).



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 14:46