Играчот на средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, бил многу близу до трансфер во Пари Сен Жермен ова лето, пренесува „Дејли мјил“.

Сепак, договорот пропаднал, поради неуспехот на трансферот на Нејмар во Барселона.

Французинот имал усен договор со шефот на ПСЖ. Тој, исто така, договорил сериозна плата – 470,000 евра неделно. Овој трансфер, сепак, зависел од тоа дали размазената ѕвезда на тимот, Нејмар ќе биде продадена на неговиот поранешен тим или не.

За потписот на играчот од средниот ред, кој стана светски шампион со Франција во 2018 година, претендирал и Реал Мадрид. Шпанскиот колос, според медиумот, бил главен претендент за 26-годишниот Погба.

На крајот, Нејмар не се врати во Барселона, а Погба беше принуден да остане на „Олд Трафорд“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 20:10