Тотенхем му понуди на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен да го продолжи договорот со клубот до 2024 година. Лондонскиот клуб е подготвен да плати 7,5 милиони евра на 27-годишниот Данец за сезона, пренесува „Газета дело Спорт“.

Во текот на летото, Јунајтед, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Реал Мадрид, Интер и Јувентус покажаа интерес за играчот. Актуелниот договор на Ериксен со „петлите“ истекува во летото 2020 година.

Тотенхем веќе се обиде да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, но тој одби да потпише нов договор.

Ериксен има одиграно 4 натпревари во англиската Премиер лига оваа сезона и постигна 1 гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2019 20:26