Арсенал ја пропушти можноста да се израмни по бодови со Манчестер Сити, откако ремизираше 2-2 со Ватфорд на „Викариџ Роуд“.

Пјер-Емерик Обамејанг (21 ‘, 32’) даде летачки старт на „топџиите“, кои на паузата имаа удобно водство.

Во второто полувреме, сепак, лондонскиот тим уште еднаш одиграа лошо во одбрана, а Ватфорд создаде еден куп позиции пред голот на Лено.

Том Клеверли (53 ‘) и Роберто Переира (81’-пенал) го израмнија резултатот, а во дополнителното време Дукуре пропушти златна можност да ја донесе победата на „стршлените“.

По ремито, тимот на Унаи Емери се наоѓа на седмото место со 8 бодови, додека Ватфорд е на последното со 2 по 5 одиграни кола.

Во првиот меч за денот, Борнемут го совлада Евертон со 3:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 00:40