Тројца хакери во 2013 година ја шпиунирале скаутската служба на фудбалскиот клуб Манчестер сити, а откако се открило дека нападот наводно доаѓа од спортскиот директор на Ливерпул, „црвените“ им платиле 1 милион фунти на „граѓаните“, за да не заврши работата на суд.

Ливерпул и Сити тогаш се договориле да нема судење и тројцата инволвирани во скандалот, никогаш јавно да не ја признаат вината.

Во Англија, ова се смета за најлош пример на недозволено однесување на еден кон друг премиерлигашки клуб. Ливерпул го оштетил Сити, а после тоа, дури тројци скаути на клубот од Манчестер, преминале во Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2019 13:54